Празничната и весела атмосфера која трае изминативе денови, во трговскиот центар Делта Сити во Белград, беше надополнета и од пивскиот бренд “Амстел“ со своето интересно и впечатливо интерактивно пано кое ги воодушеви случајните посетители на центарот.
Двеминутната интерактивна игра на пантомима предизивика позитивни реакции, како заради својата креативност така и заради вредните награди.
Случајните минувачи кои го прифатија предизвикот во рок од две минути да погодуваат различни поими објаснувани од талентираниот пантомимичар беа богато наградени од Амстел и добија одлични мигови на забава во пријатна атмосфера.
Погледнете како изгледаше сето тоа: