Француската адвертајзинг групација Publicis Groupe го соопшти назначувањето на Ејми Армстронг како глобален генерален директор за приходи.
Почнувајќи од 1 март 2025 година, со седиште во Њујорк, Ејми ќе биде одговорна за поврзување на продажните агенции од платформата Connected Media, вклучувајќи ги Epsilon, Publicis Media, PMX и агенциите за трговија и дигитално искуство на групацијата Publicis.
Таа истовремено ќе се приклучи на глобалниот и на американскиот комитет за управување на компанијата, а за својата работа ќе го известува директно Дејв Пенски, генерален извршен директор на Publicis Media и член на извршниот комитет на Групацијата.
Ејми ќе биде фокусирана на усовршување и зајакнување на пазарната стратегија на агенциите од платформата Connected Media преку ползување на медиумскиот екосистем на Групацијата, воден од податоци. Освен што ќе ги обедини внатрешните тимови за продажба и маркетинг во тие организации, Ејми ќе работи рака под рака со нивните лидери за да изгради и имплементира нови процеси и комерцијални модели кои обезбедуваат зголемена вредност и транспарентност за клиентите.
Ејми неодамна беше директорка за глобален развој на клиенти во Amazon Ads. Таа носи богато искуство во имплементацијата на иновативни решенија за дигитални медиуми за некои од најголемите светски брендови и агенции.
„Во момент кога сите се фокусираат на податоците, технологијата и вештачката интелигенција, никогаш не треба да заборавиме дека пред сè сме бизнис со луѓе. Така, нашиот приоритет број еден секогаш ќе биде да ги задржиме и привлечеме најдобрите таленти. Затоа сме толку воодушевени што ја пречекуваме Ејми во компанијата. Таа е глобално препознатлива по нејзината способност да испорачува резултати за клиентите преку развивање и користење на врвни решенија. Таа е исто така лидер кој дополнително ќе ги обедини нашите тимови преку Моќта на Еден“ – посочува генералниот извршен директор на Publicis Group, Артур Садун.