Младите надежи на хрватската комуникациска индустрија го освоија жирито со нивниот проект „The Art Can Contain It“ и заработија престижна награда на натпреварот Young Lions Croatia, кој оваа година имаше за цел да ги истакне младите хрватски таленти, а воедно и да ја запознае публиката со новата уметничка програма и изложбено-сценскиот простор на здружението KONTEJNER од Загреб.
Young Lions Croatia е натпревар на кој новата генерација на хрватската комуникациска индустрија се натпреварува за титулата најдобри млади креативци. Со освојувањето на престижното Grand Prix, младите „лавови“ добиваат исклучителна можност да се натпреваруваат со најдобрите колеги од целиот свет како претставници на Хрватска на глобалниот натпревар Cannes Young Lions и да го искусат светскиот фестивал на креативност Cannes Lions – а победници на овогодинешниот 24-часовен натпреварувачки предизвик беа Ана Цик и Мате Шола (McCann Zagreb) со проектот „The Art Can Contain It“.

Во просториите на Загрепскиот иновативен центар (ZICER), повеќе од 100 натпреварувачи работеа во парови за да дизајнираат решенија во шест категории: Design, Digital, PR, Marketers, Media и Print, а листата на победнички тимови е достапна во продолжение:
- Победата во категоријата „PR“ ја однесоа Ана Цик и Мате Шола (McCann Zagreb), воедно добитници на главната Grand Prix награда, додека второто место во таа категорија го освоија Ника Новак и Лара Паша (CTA Communications), а третото место го поделија две екипи: Матеа Иванчиќ и Изабела Клобучарвиќ (MinusMinus Agency), односно Јана Цветко и Клара Рајновиќ (Komunikacijski laboratorij).
- Во категоријата „Digital“ првото место го освоија Ивана Ловриќ и Томислав Кучина (Degordian), второто место им припадна на Паула Грабар и Дајана Цвјетковиќ (Fabula), додека третото место го освоија Рената Блек и Лаура Вукелиќ (I TO NIJE SVE!).
- Првото место во категоријата „Design“ го освоија Лука Митар и Матија Мариќ (Envy), второто место го освоија Ана Југ и Петра Кардаш (ForgeBIT), додека третото место им припадна на Сара Пејаковиќ и Ерол Чиндрак (Ured za ideje).
- Во категоријата „Media“ првото место го освоија Хана Малобабиќ и Дарио Амбруш (Imago Ogilvy), додека второто место им припадна на Анамарија Игрец и Петра Сабљиќ (Dentsu Croatia).
- Во категоријата „Marketers“ немаше победници, но Карла Ивезиќ и Матеа Глад (A1 Hrvatska) со својот проект ја заслужија титулата финалисти.
- Во категоријата „Print“ немаше победници, ниту финалисти.
Доделувањето на наградите за победниците ќе се одржи во рамки на свечената наградна церемонија на фестивалот Dani komunikacija на 16 мај во 21:00 часот. Сите заинтересирани ќе можат да ги видат избраните решенија истиот фестивалски ден на презентацијата на финалистите и победниците.
„Можеби најпредизвикувачкиот натпревар досега. Хрватската асоцијација на комуникациски агенции (HURA) нѐ изненади сите со изборот на клиентот, а Саемот беше полн со талентирани млади „лавови“ со изострени канџи, што оваа година ја направи особено возбудлива, а нашата победа уште послатка. Благодарност до стручното жири што ја препозна нашата идеја како победничка, на HURA за уште една одлична организација и на Јадрана [Ќурковиќ] од KONTEJNER што беше дел од оваа приказна и ја претстави својата асоцијација во најдобро светло“ – изјавија победниците Ана Цик и Мате Шола.
Важна карактеристика на натпреварот е неговиот непрофитен карактер – клиентот чиј бриф го решаваат натпреварувачите секоја година е непрофитно здружение или граѓанска организација, на која се доделува победничкото креативно решение. Овогодинешните натпреварувачи дизајнираа решенија за загрепското здружение KONTEJNER – биро за современа уметничка практика, чија цел беше да ја доближи новата уметничка програма до публиката во новиот простор на организацијата.
„Да се биде дел од жирито на Young Lions Croatia беше исклучително драгоцено искуство. За KONTEJNER, непрофитна организација која продуцира дела од современата уметност повеќе од 20 години, беше интересно да се види како младите креативни таленти од областа на пазарните комуникации пристапуваат кон предизвикот за дизајнирање решенија за нашата организација. Свесни сме дека нивната задача беше напорна бидејќи бараше промена на перспективата – размислување надвор од рамката на комерцијални проекти и насочување на креативноста кон работата на непрофитна организација. Интердисциплинарноста е составен дел од нашата современа уметничка практика, а соработката со креативната индустрија отвора возбудливи нови пристапи. Со нетрпение очекуваме да продолжиме да работиме со победничкиот тим и да развиеме проект кој ќе донесе нова публика во нашиот нов простор во комплексот VJESNIK во Загреб“ – исракнува Јадрана Ќурковиќ, консултант за маркетинг и комуникации и претставник на клиентот KONTEJNER.
Покрај претседателот на жирито, Шон Поропат (Studio Sonda) и претставничката на клиентот, Јадрана Ќурковиќ, во изборот на најдобрите дела на овогодинешниот конкурс беа вклучени и: Луција Доротиќ (404 agency), Небојша Грбачиќ (CVOKE), Анамарија Хорачек (MMB Media Agentur), Ален Кекиќ (I TO NIJE SVE!), Марина Кнежевиќ (Kraš), Маријана Новак (Pro media group), Звонимир Пелко (JGL), Ивица Скочиќ (McCann Zagreb) и Петар Танта (CTA communications).
Shutterstock исто така го поддржа натпреварот со отворањето на својата база на илустрации за натпреварувачите, а по незаборавната натпреварувачка авантура меѓу хрватските тимови и искуството од светскиот фестивал на креативноста Cannes Lions, кој допрва ќе следи, младите „лавови“ ќе имаат можност да ги тестираат своите сили на глобалниот натпревар за млади креативци Cannes Young Lions.
Повеќе информации за натпреварот Young Lions Croatia можете да најдете на официјалната веб-страница www.danikomunikacija.com.