15 јули 2018 година засекогаш ќе бидат запаметен од страна на Французите. Репрезентацијата на Франција (Les Bleus) е новиот светски фудбалски шампион и ја победи репрезентацијата на Хрватска во едно од највозбудливите финалиња во историјата на Светското фудбалско првенство.
Со оглед на тоа што саботата се славеше Денот на независноста на Франција или Денот на Бастилја, можеме да кажеме дека нацијата имаше прилично добар викенд.
Но, што имаат да кажат социјалните медиуми за тоа?
Глобалната медиумска компанија, Meltwater, ги анализираше споменувањата на социјалните медиуми и трендовите околу Светското првенство. Во неделата пред финалето, од 7 -14 јули, Франција беше спомната 1,5 милиони пати, а Хрватска 998.000 пати на социјалните медиуми. Се разбира, ова може да се должи на фактот што Франција го прослави Денот на Бастилја на 14-ти јули.
Зборот светско првенство или хаштагот “#WorldCup” беа спомнати вкупно 9,8 милиони пати на социјалните медиуми во последните седум дена. Од нив, речиси 50% беа со позитивен карактер. 25% од споменатите беа во неделата, на денот на финалето.
Од позитивните коментари, мнозинството вклучувало споменување на зборовите “нација”, “прослава” и “победа”, покажувајќи ја славеничката природа на коментарите на социјалните мрежи.
Твитер беше најпопуларната платформа за коментирање на финалето, а потоа Фејсбук, онлајн форумите и Јутјуб – каде што беа поставени илјадници видеа од голови или интересни моменти од натпреварите.
Велика Британија и САД беа најгласните за Светското првенство на социјалните медиуми во последната недела, со 12% од коментарите од секоја земја. Други земји кои значително твитаа беа Јужна Африка (4,25%), Индија (3,10%) и Русија (0, 50%), која беше домаќин на Светското првенство. Податоците покажуваат дека иако играле две европски земји една против друга, луѓето од целиот свет се прилагодувале за да го гледаат натпреварот и да пишуваат коментари околу натпреварот.
Едно лице на Твитер објави фотографија околу својот амбиент за финалето на Светскиот куп од Сирија:
Иако на денот на финалето Франција беше спомената повеќе од 880.000 пати на социјалните медиуми, а Хрватска 353.000 пати, двете земји го прославија своето присуство во финалето соодветно. “Честитки” беше еден од најпопуларните термини што беа употребени во иста реченица со Франција и Хрватска. Ова може да се гледа како показател за доброто спортско однесување – бидејќи и двете земји заслужуваат честитки.
Сепак, едно е сигурно, податоците покажуваат дека имало чувство на единство низ целиот свет.