Досегашниот директор на Deloitte Digital, Енди Мејн, ја напушта компанијата после 21 година и станува нов глобален CEO на агенцијата Ogilvy, дел од групацијата на WPP.
„Ogilvy e име синонимно со креативната и стратегиска извонредност и ја сум почестен што станав новиот генерален извршен директор на компанијата. Ние имаме одлична можност да им помогнеме на клиентите да испорачаат одржлив развој преку креативниот гениј на Ogilvy со цел да трансформираат не само брендови, туку и цели бизниси,“ истакна Енди Мејн, новоназначениот генерален извршен директор на Ogilvy.
Тој доаѓа на местото на Џон Сејфер, повеќедецениски работник во групацијата WPP, кој функцијата на генерален извршен директор на Ogilvy ја вршеше од 2016 година.
Генералниот директор на WPP, Марк Рид, во однос на потрагата по наследник на Сејфер посочи: „Барав некој кој ќе има почит кон досегашното креативно работење на Ogilvy, но исто така некој кој може да развие визија за иднината која ќе им помогне на клиентите на Ogilvy да го трансформираат својот бизнис. Мејн е еден од најпочитуваните лидери во нашата индустрија. Тој ја има демонстрирано ефективноста на мешањето креативност, технологија и консултантски услуги. Неговата верба во моќта на креативноста да ги трансформира бизнисите и важноста на луѓето и културата во организациите се совпаѓа со нашата визија за WPP и нашите агенции.“