По повод Светскиот ден на пчелите, холивудската актерка Анџелина Џоли позираше со пчели на своето тело и на лицето цели 18 минути, а сè со цел со овој совршен портрет да се подигне свеста за важноста на пчелите за планетата.
Американската актерка долго време беше вклучена во „УНХЦР“ како специјален застапник, а сега соработува и со „УНЕСКО“ и „Герлан“ на иницијативата „Жени за пчелите“, која ќе изгради 2.500 пчеларници и ќе обнови 125 милиони пчели до 2025. година, како и ќе обучи и поддржи 50 жени кои се занимаваат со пчеларство.
Со цел да ја промовира споменатата иницијатива за Светскиот ден на пчелите, Анџелина, во соработка со National Geographic, сакаше да направи свој портрет на кој е покриена со пчели.
Познатиот американски фотограф Дан Винтерс, кој ја фотографираше, истакна:
„Знаев дека единствениот начин да се осигуриме дека го постигнавме посакуваниот ефект на фотографијата е да ја искористиме истата техника што ја користеше Ричард Аведон (1923-2004) пред 40 години за да го создаде својот историски портрет на пчелар. Анџелина стоеше совршено мирно, покриена со пчели 18 минути без убод. Да се биде во близина на пчели секогаш е искуство што ме остава зачуден. Мислам дека и ова снимање предизвика стравопочит кај сите присутни – а нашата понуда за Светскиот ден на пчелите влече корени од историјата на фотографијата. Создавајќи го овој портрет точно 40 години подоцна, денес им оддаваме почит не само на пчелите и пчеларите, туку и на Аведон, неговата историска фотографија и техниката со која е постигната. Среќен ден на пчелите“, заклучи фотографот.
За создавање на овој портрет бил користен идентичен феромон користен во сликата на Аведон, кој се става на телото на актерката, така што пчелите почнуваат да се собираат врз неа, а атмосферата морало да биде тивка и темна за пчелите да бидат мирни.