Францускиот луксузен моден бренд Louis Vuitton ја лансираше својата нова Божиќна реклама во која преку анимација раскажува една фантастична романтична приказна.
Спотот почнува со сцена од неколку снежни глобуси поставени на камин. Во внатрешноста на два од глобусите се наоѓаат плишано мече и колачето Вивиен, кои што магично оживуваат. Колачето наеднаш го снемува, а мечето тргнува во потрага на Вивиен во фантастичен зимски свет составен од производи на Louis Vuitton.
Евентуално, мечето успева да го дофати колачето, по што двајцата стапуваат во романтична прегратка – додека во позадина оди песната “Happy Together” од The Turtles. Но, наеднаш, сцената се менува и гледаме дете кое замислено гледа во снежен глобус. Се чини, сé се случило во фантазијата на детскиот ум…
Во собата влегуваат неколку свечено облечени возрасни лица кои се чини се тука за да го прослават празникот. Но, тогаш, камерата одзумира и гледаме дека сé во куќата, всушност, се случува во друг, затворен снежен глобус. Крај достоен за Матрикс и фановите на Теоријата на симулација. :)
Рекламата е создадена со помош на продукциското студио LA\PAC, во режија на на Гери Фридман.