Францускиот бренд за луксузна мода Christian Dior ја лансираше својата нова Божиќна кампања насловена “The Garden of Dreams” („Градина на соништата“), во која главната улога ја толкува младата американска актерка и воедно амбасадорка на брендот – Ања Тејлор-Џој.
Централниот спот на кампањата се одвива во срцето на еден од најиконичните паркови во Париз, чиј што снежен пејсаж блеска во ноќта под светлината на илјадници светилки. Притоа, ја гледаме Ања Тејлор-Џој како грациозно се движи низ патеките на паркот и собира подароци со луксузни производи од Christian Dior.
Спотот се карактеризира со прекрасна естетика во која доминираат нијанси на белата, сината и жолтата боја, проткајувајќи ја реалноста со магични моменти на фантастичното – и сето тоа околу елегантната Ања Тејлор-Џој во улога на „Зимска кралица“.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Publicis Groupe.