Европското антимонополско регулаторно тело изрече казна од рекордни 2,4 милијарди евра за Гугл, заради систематско фаворизирање на сопатвените сервиси во своите резултати од пребарувањето на штета на конкурентите.
Европската комисија установи дека технолошкиот гигант ги искористил своите резултати од пребарувањето, со цел неправично насочување на купувачите на сопствената платформа за купување, и им даде на Гугл 90 дена да ја променат оваа пракса, или ќе се соочат со дополнителни казни кои можат да изнесуваат и до 5% од вкупните глобални дневни приходи на компанијата.
„Она што го направи Гугл е незаконито според anti-trust правилата на ЕУ“, изјави Margrethe Vestager, европскиот комесар за конкуренција. „Тој на другите компании им ја одзеде можноста да се натпреваруваат врз основа на заслугите и иновациите, а што е најважно, им оневозможи на европските потрошувачи вистински избор на услугите и целосна корист од иновациите.“
Се очекува дека Гугл ќе се жали на оваа одлука, но тоа не е единствена препрека со која се соочува компанијата во Европа. ЕУ исто така го обвини технолошкиот гигант дека ја злоупотребува својата пазарна позиција со наметнување на ограничувања на производителите на Андроид уредите и оператори на мобилните мрежи, а Европскат комисија исто така ја истражува и нивната услуга за пласман на огласите, AdSense.