Германскиот производител на автомобили Mercedes-Benz објави нова реклама на американскиот пазар во која главната улога ја толкува холивудската ѕвезда Антонио Бандерас.
Рекламата започнува со сцена во која Стела Бандерас, ќерката на Антонио, му ги подава клучевите од нејзиниот автомобил за овој да се повози. Притоа, благодарение на персонализираното искуство кое го нудат автомобилите од Е-класа на Mercedes-Benz, таткото може да се запознае непосредно со рутината, навиките и преференците на неговата ќерка.
Рекламата е дел од кампањата “Knows your day. Drives your way.” („Го знае вашиот ден. Вози по вашиот пат“), наменета за промоција на дигиталниот водич на автомобилите од Е-класа и можноста за креирање на индивидуални профили прилагодени на нивните возачи.
„Автомобилот се прилагодува на вашите преференции, предлага рутини врз основа на вашите навики или автоматски ги активира претходно поставените. Без разлика дали тоа се однесува на начинот на кој функционирате со вашата омилена музика што се репродуцира автоматски во позадина, или пак ја следи вашата рутина после работа поврзана со седишта за масажа – автомобилот од Е-класа знае што сакате и кога тоа го сакате“ – објаснуваат од Mercedes-Benz.