После успешната и забележана кампања „ Драма во такси“, стигнува ново вирално видео кое произлегува од концептот кој го симболизира слоганот на Југословенсиот драмски театар (JDP) „посетете го JDP” со кој се нагласува емоционалното доживување кое театарскиот чин им го нуди на посетителите. Поаѓајќи од тоа дека театарот е за сите, креативниот тим на агенцијата McCann Белград го осмисли доаѓањето во театарот за оние кои никогаш не одгледале некоја театарска претстава. Со поддршка од JDP, е организирано доаѓање на 50 мештани од планинското село Крива Река кои досега никогаш не биле во театар. Со тоа на јавноста и` е пратена силна порака: театарот е за сите!
„Целата наша комуникација со JDP веќе неколку години е базирана на заедничката стратегија дека таканаречената висока култура не е резервирана само за одбрани луѓе, туку за сите. Видеото „Аплауз за Крива Река“ инсистира на таква поставка”, изјави Владимир Ќосиќ, креативен директор на агенцијата McCann Белград и додава: „Овај пат, нашата задача беше потешка отколку во случајот Драма во такси, првенствено заради тоа што беше потребно да изненадиме аудиториум којшто веќе на некој начин, го навикнавме на изненадувања од страна на JDP и McCann Белград. Одлучивме дека тезата – театарот е за сите, и овај пат да ја докажеме и демонстрираме, наместо да ја покажуваме. Резултатот е едно високо емотивно, потресно видео, најмногу благодарение на прекрасните, искрените и чесните мештани на селото Крива Река, кои не ги криеја своите реакции. Сите од театарот, исто како и ние од агенцијата, се надеваме дека ова е само почеток на една убава приказна.”
Виралното видео само за неколку часа е прегледано од повеќе од десетина илјади пати на youtube каналот на JDP, споделено од страна на бројни корисници на социјалните мрежи, а за оваа инересна акција известија и најважните медиуми во регионот. Но, многу повеќе од тоа, со оваа акција придобиена е нова, верна публика која секоја следна можност за непосредна средба со уметноста со нетрпение и благодарност ќе ја грабне. Токму тоа беше и целта на оваа акција. Затоа, аплауз за Крива Река.
Како изгледаше првата посета на жителите на Крива Река со театарот и какви се нивните впачатоци за одгледаната претстава можете да погледнете на линкот: