После долги 13 години во кои Кока-Кола го чуваше приматот како највреден светски бренд, вчера ни стигна информацијата од новиот “Best Global Brands 2013” извештај на Interbrand, дека број #1 меѓу брендовите за оваа година е Apple со проценета вредност на брендот од 98,3 милијарди долари.
Кока-Кола не е ниту втора, бидејќи IT гигантот Google се проби на вицешампионското место со бренд кој се проценува дека вреди 93,3 милијарди долари.
Целата листа на Топ 100 брендови според истражувањето на Interbrand можете да ја погледнете на овој ЛИНК.
Рангирањето на светските брендови се врши уште од 2000 година.
При креирањето на листата се користи методологија која зема индикатори како финансиските резултати, лојалноста на купувачите и улогата која што секој бренд ја има при одлуката за купување.
Сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе за методологијата по која се прави ова истражување за топ 100 брендови, можат да го посетат овој линк : http://www.interbrand.com/en/best-global-brands/2013/best-global-brands-methodology.aspx