(21.08.2020) – Технолошкиот гигант Apple стана првата компанија во САД чија вредност надмина 2 трилиони долари. Само оваа година вредноста на акциите пораснаа за 60%
Акциите на производителот на iPhone оваа година се зголемија за 60 проценти и достигнаа вредност од два трилиони долари, пренесува CNN. Една акција вреди скоро 470 долари.
Apple достигна вредност од два трилиони за нешто повеќе од две години, со оглед на тоа што компанијата во 2017 година достигна вредност од 1.000 милијарди.
Apple не е првата компанија чија вредност се проценува на два трилиони. Компнијата Aramco ја достигна таа вредност во декември, но падот на цената на нафтата влијаеше врз проценката на нејзината вредност.
Уште два други американски технолошки гиганти, Амазон и Мајкрософт, се приближуваат кон границата од 2 трилиони долари. Вредноста на обете компании се проценува на околу 1,6 трилиони.
Компанијата Alphabet во сопственост на Гугл исто така вреди повеќе од еден трилион.
Главниот извршен директор на „Епл“, Тим Кук неодамна се приклучи на еден од најелитните клубови на извршни директори, кои не се основачи на компании, туку раководат со нив, а нивната нето заработка надминува 1 милијарда американски долари, според проценките на Индексот за милијардиери на Блумберг.