Технолошкиот гигант го проширува својот опсег на услуги за ублажување на ефектите од падот на продажбата на мобилни уреди
На почетокот на оваа недела, Apple во своето седиште во Купертино, Калифорнија, најави голем број на нови услуги, што беше и очекувано со оглед дека компанијата мора да се најде начин за ублажување на последиците од падот на продажбата на мобилни уреди.
Новата понуда ќе вклучува нова претплатничка ТВ услуга, гејминг платформа, информативна платформа и посебна кредитна картичка со брендот на Apple. Компанијата не сподели конкретни датуми за лансирање или детали за цените на сите нови услуги.
На настанот беше потврдено дека покрај постојната Apple TV услуга, која започна во 2008 година, ќе биде лансирана и Apple TV +, во која компанијата ќе понуди оригинални содржини за кои веќе е подготвен голем буџет и ќе претставува сервис кој ќе конкурира со Netflix, Amazon Prime Video и Hulu.
https://www.youtube.com/watch?v=A-j8QaoTeWU
Исто така ќе биде воведена посебна онлајн ТВ услуга без реклами, наречена Apple TV Channels, каде што корисниците може да купат поединечни канали, како што се HBO или Sky Atlantic, а која ќе биде лансирана во мај.
Apple исто така, најави дека ќе ги зајакне своите напори во гејминг сферата со Apple Arcade, која, за разлика од платформата Google Stadia која е во фаза на развој, нема да ги чува податоците за тоа како луѓето ги играат своите видео игри без изрична согласност на корисникот. На платформата, Apple ќе претстави оригинални игри на независни издавачи, а кои ќе може да се играат на iPhone, iPad или Mac.Претплатата за овај сервис, достапен во 150 земји, сеуште не е одредена.
Компанијата, исто така, ја најави и својата контроверзна Apple News + претплатничка услуга која ќе ги зголеми бројот на списанија и издавачи кои се на располагање, а за која некои издавачи веќе претходно ја изразија својата загриженост, наведувајќи дека Apple бара премногу висок процент на претплата за да вклучи некој издавач.
Apple News + во САД е лансиран во понеделникот за 9,99 $ месечно, а платформата ќе се прошири и на другите пазари во текот на годината.
Друга многу возбудлива најава од компанијата, а која може да се покаже како најпрофитабилен потег за Apple, е лансирање на нивните сопствени кредитни картички, со поддршка на Голдман Сакс и Мастеркард. Картичката ќе биде лансирана на американскиот пазар веќе оваа година.
Apple картичка може да дополнува електронски на iPhone или Apple Watch, или може да се користи како физичка титаниум картичка и ќе понуди 2% поврат на сите купувања направени преку услугигата за плаќање Apple Pay.