“Епл“ потпиша договор со компанијата DHX Media, канадската куќа која стои зад популарниот цртан филм Снупи. Договорот вклучува производство на нови краткометражни и долгометражни филмови за Снупи, Чарли Браун и остатокот од дружината, а меѓу другото ќе се креираат и ексклузивни кратки содржини за Apple, при што Снупи ќе биде во главната улога.
Снупи за прв пат се појави во стрип во 1950 година. По десет години, се “пресели“ на телевизија и големото платно, кога се стекна и со светска популарност. Неодамна е објавен компјутерскиот анимиран филм “Peanuts movie“, кој досега заработи 246 милиони долари. Во моментов, мнозинскиот сопственик на франшизата е DHX Media, додека 20% од сопственоста се уште е во сопственост на семејството Чарлс Шулц, оригиналниот автор на Снупи.
Иако ова се чини дека е чудна одлука на Apple, оваа компанија веќе некое време инвестира во забавни мултимедијални содржини за целото семејство, со цел да обезбеди видео материјали за својот иден стриминг сервис за Apple TV, iPhone и iPad. Досега има инвестирано повеќе од милијарди долари во оваа услуга, за која постојат неофицијални најави дека ќе започне со работа во март 2019 година.