Технолошкиот бренд Apple објави „љубовно писмо“ до филмска индустрија во форма на, се разбира – краток филм, насловен „On with the Show“ („Шоуто продолжува“).
Филмот е снимен целосно со напредната камера на новиот паметен телефон iPhone 15 Pro, а ги запознава гледачите со „магичниот хаос“ кој се случува на филмските сетови кога се снимаат вашите омилени филмови и телевизиски серии.
Спотот е замислен во форма на мјузикл во кој се појавуваат режисери, актери, осветлувачи, шминкери и продукциски асистенти кои изведуваат своја интерпретација на песната “There’s No Business Like Showbusiness” („Не постои друг бизнис како шоубизнисот“).
Објавувањето на овој спот треба да го одбележи крајот на актерскиот штрајк во Холивуд и постигнувањето на подобар договор за членовите на актерскиот синдикат во САД.
Спотот е создаден во соработка со креативната агенција TBWA\Media Arts Lab и продукциската куќа Biscuit Filmworks.