Технолошкиот гигант Apple лансираше нова кампања насловена “Pay the Apple Way”, чија цел е промоција на сопствениот платежен систем со мобилен телефон и други Apple уреди како подобра и поедноставна алтернатива отколку платежните картички.
Кампањата вклучува серија на видеоспотови кои ќе се емитуваат преку социјалните онлајн канали на компанијата, како и бројни дигитални и печатени билборди кои ќе бидат поставени на фрекфентни улици и во трговски центри во неколку британски и американски градови.
Во видеоспотовите гледаме неколку комични ситуации од секојдневието преку кои се истакнува едноставноста на плаќањето со мобилен телефон и Apple Pay: нема пребарување во новчаници, нема внесување пинови и погодување на онлајн загатки…
За кампањата се ангажирани и неколку популарните креатори на ТикТок, вклучуваќи ги Grandma Droniak, Nimbus и Drew Dirkson, кои преку прашањето „Дали можам ____ со Apple Pay?“ треба да ги поттикнуваат бескрајните опции за ефикасни и безбедни трансакции со платежниот сервис на Apple.