Листата на 100 највредни компании во светот ја предводат најпознатите технолошки компании – Apple, Alphabet, Tencent и Alibaba
Во текот на изминатата година, технолошки сектор ширум светот забележа импресивни деловни резултати. Затоа не е изненадувачки што првите 10 места на листата на најголемите светски компании ги презедоа токму тие.
Според Global Top 100 на Price Waterhouse Cooper, пазарната капитализација на 100-те најголеми компании во светот порасна за 2,57 милијарди долари или 15% за период од една година.
Амазон е најуспешна компанија според апсолутниот пораст на пазарната капитализација, постигнувајќи вредност од 278 милијарди американски долари или 66% повеќе во споредба со 2017 година. Потоа следат две кинески компании: Tencent, со пораст од 224 милијарди долари, односно 82% и Alibaba, со пораст од 201 милијарда долари или 75%. Следните три најуспешни компании во апсолутна смисла се американските компании се Microsoft, Alphabet и Apple.
Меѓу бројките оваа година, најмногу се истакнува големиот пораст на вредноста на водечките кинески компании. Долги години, американските компании го користеа својот глобален дострел, финансиска моќ и способност да создаваат иновации, со цел да се издигнат над остатокот од светот. Кина сега се потпира на огромниот кинески пазар со цел да го достигне водството на САД. Влегувањето на Tencent и Alibaba меѓу 10-те најголеми компании е јасен показател за нивниот успех во овие напори, коментира Рос Хантер, партнер и раководител на центарот за услуги во PwC.
Apple и понатаму уште ја има најдобрата почетна позиција во однос на пазарната капитализација седма година по ред. Сепак, неговата предност пред компанијата Alphabet која го држи второто место, е намалена за 25%, забележувајќи пад од 175 милијарди долари минатата година на 132 милијарди долари оваа година. Apple, исто така, им исплати на акционерите повеќе од сите други компании, плаќајќи дополнителни 31 милијарда долари на инвеститорите во вид на дивиденда и откуп на акции во 2017 година (додека во 2016 година исплати 29 милијарди долари).
Во однос на секторите, веќе трета година по ред, технологијата е пред финансискиот сектор во пазарната капитализација, додека добрата за широка потрошувачка го заземаат третото место. Трите најголеми компании во светот и понатаму доаѓаат од секторот технологија – Apple, Alphabet, Microsoft – а следат Tencent на петтото место и Facebook на осмото место на Фејсбук, кој падна од минатогодишното шесто место.
Минатата година Европа продолжи со постепено закрепнување, при што бројот на европските компании меѓу првите 100 се зголеми за една компанија, од 22 на 23 компании, со вкупен пораст од 331 милијарда долари од вкупната пазарна капитализација. И покрај ова подобрување, Европа сè уште не го достигна нивото од 2010 година, кога 33 европски компании беа вклучени во рејтингот на 100-те навредни компании.
Пазарната капитализација на компаниите од Кина кои се вклучени во 100 најголеми компании се зголеми во споредба со 2017 година, при што 12 кинески компании влегоа во топ 100, додека минатата година имаше 10. Хонг Конг, исто така, го зголеми бројот на своите компании со една во 2017 на три оваа година. Според апсолутниот пораст на пазарната капитализација, Tencent е водечка кинеска компанија во 2018 година втора година по ред, а втора најуспешна по Амазон, зголемувајќи ја својата вредност за 82%, односно на 496 милијарди долари. Alibaba е втората најуспешна кинеска компанија, а трета севкупно, со зголемување на својата вредност за 75% на 470 милијарди долари. Овие значителни зголемувања ги ставија двете компании меѓу првите 10 во однос на пазарната капитализација, со што Tencent го зазеде петтото, а Alibaba седмото место.