Технолошкиот гигант Apple има 1.8 милијарди активни уреди ширум светот, што претставува нов рекорд за компанијата. Ова го соопшти генералниот извршен директор Тим Кук на неодамнешен брифинг со акционерите по повод првиот фискален квартал на 2022 година.
Во истиот период минатата година, компанијата пријавила 1.65 милијарди активни уреди ширум светот, а годината пред тоа – 1.5 милијарди уреди.
Според Apple, еден уред го сметаат за активен доколку бил во интеракција со нивните услуги во последните 90 дена. Притоа, во вкупната бројка влегуваат сите активни уреди од типовите: iPhone, iPod touch, iPad, Mac, Apple TV и Apple Watch.
Иако Кук не навлезе подетално во бројките во однос на различните типови уреди, се прептоставува дека најголем број од активните уреди претставуваат паметни телефони од видот iPhone. Минатата година, компанијата соопштила дека има над 1 милијарда активни iPhone уреди ширум светот.