Технолошкиот гигант Apple ја објави својата нова Божиќна реклама, насловена “Fuzzy Feelings” („Топли чувства“), продуцирана со комбинација на снимки во живо и анимација во “stop-motion” техника.
Видеоспотот ја раскажува приказната за една аниматорка која има затегнати односи со својот претпоставен, а ги ослободува своите негативни чувства така што создава анимации со лик кој го претставува нејзиниот шеф во различни незавидни ситуации.
Но, како што се развива наративот, аниматорката почнува да го гледа својот претпоставен во пољубезно светло, докажувајќи како луѓето честопати се погрешно разбрани додека некој подобро не ги запознае.
Apple им порачува на луѓето да простуваат повеќе и да се трудат да ги гледаат работите од различни перспективи, истакнувајќи дека „Вие ги правите празниците“ (“You make the holidays”).
Краткиот филм е создаден од страна на аниматорката и режисерка Ана Манцарис, во соработка со креативната агенција TBWA\Media Arts Lab. Видеото е проследено со песната “Isn’t It a Pity” од Џорџ Харисон.