Платформата на Алибаба забележа промет од рекордни 268,4 милијарди јуани (38,4 милијарди долари), шест пати поголем од продажбата преку интернет на минатогодишниот „Црн петок“ во САД.
Американски Apple, француски L’Oreal и швајцарско Nestle се меѓу најбараните брендови на кинескиот “Ден на самците“, шопинг настан во годината кој го следи американскиот модел „Црн петок“, покажуваат податоците на кинескиот гигант на интернет трговија „Алибаба“.
Платформата на Алибаба забележа промет од рекордни 268,4 милијарди јуани (38,4 милијарди долари), шест пати поголем од продажбата преку интернет на минатогодишниот „Црн петок“ во САД.
Оваа бројка е повисока за 26 проценти во однос на претходната година, што сепак претставува најниска стапка на раст откако започна да се одбележува “Денот на самците“ во 2009 година, забележува Ројтерс.
Алибаба денеска објави дека 299 брендови ја надминале бруто-вредноста на обрт од 100 милиони јуани, а 15 од нив ја надминале сумата од една милијарда јуани.
Меѓу најпопуларните брендови биле Apple, Gap, H&M, L’Oréal, Levi’s, Nestlé, Nike и Philips, а најмногу се купувале додатоци во исхраната, козметички производи, пелени и средства за чистење на лицето, наведуваат од Алибаба.
Преку прекуграничните платформи на Алибаба, производите од Јапонија, САД, Јужна Кореја, Австралија и Германија биле најпродавани по бруто-вредноста на прометот.