Оваа атрактивна кампања од Франција продолжува на тековната платформа “Shot on iPhone ” и им оддава почит на три градови – Марсеј, Лион и Париз
Apple го претстави во Франција продолжението на својата кампања “Shot on iPhone” со три хип-хоп филмови снимени во целост на iPhone X уреди.
Спотовите се направени во привлечен црно-бел стил, во режија на парискиот режисер и фотограф Аксел Морин. Основната идеја на спотовите е да им оддаде чест на градовите Марсеј, Лион и Париз и нивниот музички и визуелен идентитет. Освен тоа што спотовите се снимени на iPhone, и песните во спотовите се снимени на на iPhone X уреди, а сите три видеа ќе бидат достапни исклучиво преку музичкиот сервис Apple Music.
Фотографиите од кампањата ќе се користат како дел од POS кампањата во продавниците на Apple во Франција, а кампањата вклучува и неколку водичи кои ги повикуваат корисниците да го снимат својот град од своја перспектива, со користење на напредните опции на iPhone Х.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=36&v=wx5_Vgsdu58
https://www.youtube.com/watch?v=GgSAN1r7IDA
https://www.youtube.com/watch?time_continue=23&v=gN6YwN1opJc