Глобалната рекламна кампања “The Greatest” на технолошкиот гигант Apple ја доби наградата за „Најдобра реклама“ на последното издание на Emmy Awards, чија церемонија се одржа во Лос Анџелес на 8 јануари 2023 година.
Наградите Emmy претставуваат широк спектар на награди за уметничка и техничка извонредност во американската и меѓународната телевизиска индустрија. Наградената реклама на Apple имаше за цел да покаже како нивната технологија им помога на лицата со посебни потреби, а прв пат беше емитувана во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби (3 декември) во 2022 година.
Концептот на двоминутната реклама бил развиен од страна на внатрешниот креативен тим на компанијата, а нејзината реализација била остварена со помош на австралискиот режисер Ким Гериг од Somesuch Productions.
Рекламата е проследена со песната „I am the Greatest“ на австралиската група Spinifex Gum, која користи стихови од легендарните говори на Мухамед Али. Песната била ремиксирана од продуцентот Кола Бој со пијано придружба на џез-пијанистот Метју Витакер.