Apple аплицираше за патент со кој логото на задниот дел од телефонот може да послужи како нотификационо светло. Во апликацијата за патентот се наведува како прилагодливото светло на логото може да укаже на одредени настани како што се дојдовни комуникации, потсетници за настани во календарот и слично.
Ова не е прв пат идејата да се споменува и користи на телефони. За прв пат вакво нешто имплемантираше Motorola на минатогодишниот модел Razer Phone 2 и на овогодинешниот телефон Motorola One Zoom. Во суштина, оваа функција не е претерано важна, но може да биде корисна за брза иднтификација на настани кои сте ги промашиле или ги очекувате.
Кај Apple, оваа функција има уште повеќе смисла, бидејќи компанијата има долга историја на користење на осветленото лого (на постарите MacBook компјутери, направени пред 2015 година). Сега (можеби) осветленото лого ќе се врати на производите на Apple, но со дополнителна практична функционалност.