Минатата недела Apple ги соопшти своите планови за засилување на безбедносните функции на своите уреди кога се во прашање децата, како и нови алатки за родителите да ги спречат нивните деца да испраќаат или примаат експлицитни пораки.
Беше претставно дека една од новите функции ќе ги скенира сликите на iPhone и iCloud за содржини поврзани со детска злоупотреба. Меѓутоа, дел од јавноста изрази загриженост дека ваквата технологија во иднина може да биде пренаменета за надзор и шпионирање, надвор од својата првична замисла.
Во ново соопштение, Apple се обиде да разјасни дека скенирањето и препознавањето на именуваните содржини ќе се остварува од страна на самите кориснички уреди, кои сликите на корисничкиот iCloud ќе ги споредуваат со нечитлив податочен хеш претходно генериран од потврдени слики на детска злоупотреба кои се стекнати од страна на организации за заштита на децата.
Системот ќе скенира веќепостоечки и новоприкачени слики само на iCloud, односно нема да бидат скенирани фото-галерии кои не се прикачени на iCloud.
Од Apple додадоа дека ќе реагираат кај надлежните инситутции само доколку бидат откриени слики со детска злоупотреба, истовремено ветувајќи дека нема да прифатат никакви потенцијални барања за надзор од властите.