Технолошкиот гигант Apple ги поттикнува фановите да ја „споделат радоста“ преку нова празнична реклама во која гледаме две млади личности кои решаваат да ја спојат нивната музика, продолжувајќи да танцуваат на отворено.
Во надреален пресврт на рекламата, двајцата млади разиграно го претвораат инаку безснежниот аргентински град Буенос Аирес во купишта снег и мраз, и тоа благодарение само на нивниот магичен допир.
Рекламата има за цел промоција на функцијата „Споделување аудио“ на слушалките AirPods Pro и некои производи од серијата Beats. Оваа опција, вклучена во оперативниот систем iOS 13, им овозможува на корисниците да ја синхронизираат нивната музиката и да ја репродуцираат заеднички во исто време.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција TBWA\Media Arts Lab и претставува првата Божиќна реклама на Apple која е целосно проследена со аудио на шпански јазик.