Иако не учествуваше на големиот технолошки саем, “Епл” сепак се погрижи да биде присутен во Лас Вегас
Apple не е официјално присутен на масовниот саем за технологија во Лас Вегас (CES), но тоа не ја спречи оваа компанија малку да се пошегува на сметка на конкуренцијата.
Технолошката компанија од Купертино изнајми огромен билборд на страната на хотелот Мериот во Лас Вегас, кој прикажува iPhone со слоганот “Што се случува на вашиот iPhone, останува на вашиот iPhone”.
А на самиот крај на постерот се наоѓа линк кој упатува на страната на Apple која се однесува на приватноста на корисниците.
Ова е прилично храбар напад врз ривалите на Андроид, со оглед на фактот што рекламата прилично јасно укажува на протекување на податоците на корисниците кои го користат оперативниот систем на Гугл, Android.
Од друга страна, Apple е прикажан како производител на телефон кој ја почитува приватноста на своите корисници, а тоа навистина се покажа кога ФБИ побара отклучување на iPhone-от кој се користише од страна на напаѓачот во пукањето во Сан Бернардино во 2015 година, а компанијата одби да го стори тоа.
Рекламата исто така е поставена веднаш до транспортниот систем кој е брендиран со логото на Google.
Apple не учествува на саемот CES како изложувач, што значи дека нема да открие какви било новини, ниту пак ќе биде присутен во салите.