Во саботата навечер беа доделени наградите од Американската академија за телевизиски уметности и науки (EMMY AWARDS) за највпечатливи комерцијални огласи а како победник беше избрана рекламата „Недоразбирање“ (Misunderstood) на Apple креирана од агенцијата TBWA/Media Arts lab а режиран од Lance Acord од американската продукциска куќа Park Pictures.
Спотот кој беше снимен во Едмонтон, Канада прикажува тинејџер кој за време на божиќната вечера цело време е прилепен за својот iPhone наместо да го поминува времето со својата фамилија, за на крајот да се откријат неговите вистински намери – да ги сними сите незаборавни моменти што ги минува со семејството и пријателите за да останат како вечен спомен на божиќното уживање.
Рекламата “Недоразбирање“ победи во конкуренција на уште 4 други исклучително добри реклами меѓу кои и “Hero’s Welcome” и “Puppy Love” на Budweiser кои беа прикажани на Супер Бол , “Childlike Imagination” од BBDO Њу Јорк, и “Possibilities,” на Најк креирана од Wieden & Kennedy Портланд.