Технолошкиот гигант Apple објави три нови реклами кои на еден фантастичен и надреален начин ја промовираат практичноста на паметениот часовник Apple Watch 6, првично лансиран минатата есен. Кампањата го позиционира часовникот под слоганот „Иднината на здравјето е на вашиот зглоб“ (“Future of Health is on Your Wrist”), илустрирајќи ја практичноста на уредот при вежбање, спиење и мониторирање на виталните функции.
Првата реклама, посветена на вежбањето, прикажува жена во базен, под вода, која објаснува како часовникот ѝ помага во следењето на своите вежби. Потоа, базенот се претвора во океан, а девојката плива заедно со рибите и китовите, пред да се појави на површината каде плови голем брод.
Втората реклама објаснува како часовникот може да им помогне на корисниците во воспоставувањето на здрава рутина и амбиент за спиење, исклучувајќи ги сите нотификации и репродуцирајќи смирувачка музика преку паметниот телефон на корисникот. Часовникот исто така ги следи отчукувањата на срцето и новото на кислород додека корисникот патува во светот на соништата.
Третото видео прикажува маж кој демонстрира како часовникот му овозможува да си го носи своето ЕКГ секаде со себе и да ги следи сопствените витални функции каде и да оди и што и да прави – од играње шах со пријателите, преку заболекар и кино, до ловење риба во дивината.
Режисер на рекламите е Ијан Понс Џуел од продукциската куќа Reset Content.