Повторно е време за пролетниот настан на Apple, на кој технолошкиот гигант ќе ги претстави своите најнови производи и проекти. Настанот е закажан за 8 март, во 10 часот пацифичко време (19 часот по наше).
Компанијата го најави настанот преку слоганот “Peek Performance”, што претставува игра на зборови која ја комбинира фразата “Peak Performance” („врвен перформанс“) со зборот “peek” („ѕирни“), односно – „Ѕирни во врвниот перформанс“.
Познавачите на Apple очекуваат дека ќе бидат претставени неколку производи кои функционираат врз база на 5Г технологија, вклучувајќи паметни уреди како iPhone SE, iPad Air и барем еден Mac компјутер.
Но, поради криптичкиот наслов кој вклучува „ѕиркање“, некои фанови се надеваат дека компанијата ќе претстави некој футуристички производ кој сé уште е во тест фаза, можеби долгоочекуваниот хедсет за мешана реалност?
Што ќе биде, ќе покаже времето. Настанот ќе може да се следи онлајн на следниот видео-линк: