Со цел промоција на висококвалитетната камера на новиот iPhone 11 Pro, технолошкиот гигант Apple лансираше нова реклама, или подобро речено – краток филм од 9 минути, во кој ја замислува историјата на холивудските филмови доколку тие би биле снимани во вертикала со камерата на iPhone 11 Pro.
Филмот насловен “The Stunt Double” („Двојникот-Каскадер“) е режиран од страна на добитникот на Оскар, Демиен Шазел, познат по филмови како “Whiplash” и “La La Land”.
„Погледнете како класичните жанрови се превртени на страна, од акциони филмови до неми филмови, од шпионски адаптации до вестерни, модернизирајќи ја филмската магија која сите ја знаеме и сакаме“, стои во соопштението на Apple во однос на лансирањето на кампањата.
Заедно со филмот беше објавен и краток видео-запис за тоа како се одвиваше снимањето „зад сцената“.