Корисниците на стриминг платформата AppleTV+ веќе можат да го гледаат новиот Божиќен филм Spirited (2022) со Рајан Рејнолдс, Вил Ферел и Октавија Спенсер во главните улоги.
Со цел промоција на филмот пред пошироката публика, но и за привлекување на нови претплатници кон стриминг-платформата, беше лансиран и хуморстичен спот во кој се претставува „новиот и надграден“ Ryan Reynolds+.
Имено, актерот е целосно опредметен во овој спот и третиран како обичен технолошки уред од Apple, кој што го претставуваат Вил Ферел и Октавија Спенсер: „Овој Рајан Рејнолдс е најнапредниот Рајан Рејнолдс досега и најдобриот Рајан Рејнолдс во индустријата“.
Новиот Рајан Рејнолдс+, објаснуваат тие, има длабока сложеност во очите. Тој, исто така, има три пати поголем емоционален опсег и доаѓа со пет песни и четири танцови. Новиот Рајан Рејнолдс+ претрпел и неколку „поправки на багови“, вклучително и брада за да сокрие делови од лицето и подочњаците.
Но, она што „програмерите“ не го зеле предвид е дека зголемениот емоционален капацитет на Рајан Рејнолдс+ веројатно значи дека тој е и три пати пораздражлив и понервозен – како што гледаме на крајот од спотот. :)