Еден од најголемите едукациски настани PR Arena Interantional наменет за студентите од 6-те земји од регионов (Македонија, БиХ, Словенија, Хрватска, Црна Гора и Србија), ќе се оддржи овој викенд (18-ти и 19-ти Октомври) во Сараево.
Настанот е во организација на мрежата Априори Комуникации а целта е на студентите од регионов да им се овозможи networking и можност за едукација од врвни стручњаци од бизнис заедницата кои преку практични примери ќе зборуваат на дел од следниве теми: Како социјалните медиуми поставуваат нови императиви во ПР-от и маркетингот?, Реализација на односите со јавност во шоу-бизнис индустријата,Кризно комуницирање…итн..
Повеќе информации за настанот можете да најдете на веб сајтот на проектот www.prarena.ba или на официјалната ФБ страна www.facebook.com/PRArenaInternational