Американската осигурителна компанија State Farm емитуваше реклама за време на финалниот натпревар од американската фудбалска лига Супер Боул, во која главната улога ја толкува холивудската ѕвезда Арнолд Шварценегер.
Во хумористичната реклама, Шварценегер е ангажиран од посочената осигурителна компанија за да глуми во игран филм во кој нивните агенти се прикажуваат како акциони херои. Меѓутоа, познатиот австриско-американски актер никако не може да го погоди слоганот на компанијата – “Like a Good Neighbor”, изговарајќи го со тежок акцент.
Со цел да се реши проблемот, компанијата го ангажира актерот Дени ДеВито за да го надополнува Арнолд во изговарањето на слоганот. Инаку, двајцата актери глумеа браќа-близнаци во популарната комедија “About Twins” од 1988 година.
Рекламата е создадена во соработка со креативната агенција Highdive.