Асоцијацијата за промоција на европската креативност Art Directors Club of Europe и организатори на наградниот фестивал ADCE 2024 објавија нов конкурс – ADCE Student Awards, кој им дава можност на студентите од Европа со интерес во сферите на огласувањето, дизајнот, технологијата и гејмингот да ги покажат своите креативни вештини.
Заинтересираните студенти ќе можат да аплицираат во 14 категории, при што форматот на апликации се разликува по категорија. Крајниот рок за пријавување е 27 септември 2024 година.
Пријавените проекти ќе бидат оценувани од страна на жири-комсија во состав на преку 60 професионалци и професори за огласување и дизајн. Преку натпреварот за млади професионалци, ADCE има за цел да помогне во обликувањето на иднината на огласувањето и дизајнот.
Победниците ќе бидат објавени на 21 и 22 ноември, за време на гала церемонијата на фестивалот ADCE 2024 во Барселона, заедно со главните признанија на ADCE Awards.
Заинтересираните студенти можат да се пријавата преку следниот ЛИНК.