Home » Во фокусот » Артур Садун непрепознатлив после само половина година на чело со Публицис

Артур Садун непрепознатлив после само половина година на чело со Публицис

После шест месеци на чело со една од најголемите холдинг компании во светот на огласувањето, Публицис Груп, нејзиниот претседател и извршен директор Артур Садун, целосно е непрепознатлив.

Се разбира, се работи за шега које е дел од традиционалната Божиќна честитка од Публицис, која за прв пат оваа година ја испраќа новиот шеф Садун, кој продолжува со користење на необичен хумор на кој што навикнавме со неговиот претходник Маурис Леви во претходните празнични пораки, овој пат со мала помош на шминката.

Добар ден. Еве не` на крајот на годината“, ја започнува својата порака Садун, неприродно остарен и со побелена коса и продолжува “добра работа е што оваа порака ќе биде кратка и нема да содржи никакви објави или бизнис планови. Објавите сигурно ви здосадија изминатите месеци.“

Меѓу објавите оваа година за кои мисли Садун, се неговото унапредување во јуни, потоа консолидација на уредите на нивните агенции во Америка во заедничка зграда, повлекувањето од Cannes Lions фестивалот и воведувањето на AI асистент за подобро поврзување на своите вработени.

Во неговото прво празнично обраќање му се придружи и неговиот претходник Маурис Леви, кој овај пат изгледа неспоредливо помлад од неговото божиќно обраќање претходната година.

Видеото продолжува со привидна напнатост помеѓу нив двајца, додека двајцата ја меркаат чашата со натпис „I’m The Boss“, која на крајот ја подигнува Садун и на тој начин порачува дека тој ја превзема контролата, поздравувајќи ги своите вработени на крајот на спотот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365