Генералната директорка за дигитални технологии и маркетинг на L’Oréal, Асмита Дубеј, е прогласена за Глобален маркетер за 2023 годината од страна на Светската федерација на огласувачи (WFA). Таа беше една од петте кандидати во потесниот избор и се најде на врвот на листата по комбинираното гласање на јавното и стручното жири.
Асмита е дел од компанијата L’Oréal од 2013 година, првично како генералната маркетинг директорка за кинескиот пазар, пред да ја преземе истата улога за целиот Азиско-пацифички регион во 2016 година. Таа се префрли во седиштето на компанијата во Париз во 2017 година и стана генерален директор за дигитални технологии и маркетинг во април 2021 година.
L’Oréal има силно портфолио во користењето на моќта на технологијата за засилување на своите маркетинг активности. Компанијата има партнерство со повеќе од 50.000 инфлуенсери во сферата на социјалните медиуми и гејмингот. Во мандатот на Асмита, компанијата воведе нови дигитални услуги за убавина и виртуелни проби со помош на виртуелна и проширена реалност, како и дијагностика на кожа преку вештачка интелигенција, што привлекло повеќе од 100 милиони корисници во изминатата година.
Асмита е вториот генерален маркетинг директор на L’Oréal што ја освојува оваа титула, по Љубомира Роше во 2019 година.
„Да стојам рамо до рамо со извонредната група на талентирани маркетери од целиот свет е многу значајно за мене. Ми предизвикува голема гордост и радост што сум избрана за глобален маркетер на годината на Светската федерација на огласувачи за 2023 година. Иднината на убавината е физичка, дигитална и виртуелна. Во L’Oréal, ние постојано измислуваме нови искуства за убавина за да Создаде убавината што го движи светот“ – рече наградената Асмита Дубеј.
„Честитки за Асмита, која е достоен освојувач на овогодинешната титула. L’Oréal е дигитален моќник и нивните брендови се далеку пред пазарот кога станува збор за управување со ефективна и ефикасна дигитална трансформација. Со претежно млад целен пазар, L’Oréal не само што се свесни за брзите промени во однесувањето што може да се појават во оваа демографска категорија, туку и одговараат на нивните потреби на културно соодветен начин“ – објсани Раџа Раџаманар, претседател на Светската федерација на огласувачи, генерален маркетинг и комуникациски директор Mastercard и претседавач со жирито за Глобален маркетер на годината.
„Победата на Асмита е доказ за почитта и восхитот што L’Oréal ги заслужи низ глобалната маркетинг заедница во текот на изминатите неколку години. Нивната посветеност и решително фокусирање на ефективна дигитална трансформација ја направија компанијата неоспорен лидер во овој простор. Честитки за Асмита“ – истакна Стефан Лоерке, извршен директор на Светската федерација на огласувачи.
Во потесниот избор за наградата, покрај Асмита Дубеј, се најдоа уште и:
- Морган Флеjтли, глобален генерален маркетинг директор и директор за нови бизнис иницијативи во McDonald’s;
- Оуд Гандон, глобален генерален маркетинг директор во Nestlé;
- Марсел Маркондес, глобален генерален маркетинг директор во AB InBev; и
- Лиза Мекнајт, извршен потпретседател и генерален бренд во Mattel, Inc.