И покрај исклучително силната конкуренција, Атлантик Група оваа година доби признание за Најдобра ХР практика на годината, во изборот на Македонската Асоцијација на Човечки ресурси (МАЧР). Оваа награда ѝ се доделува на компанијата која е оценета како најдобра во полето на човечките ресурси, која негува позитивен и продуктивен пристап на работа.
Ова е веќе вторпат како Атлантик Група е добитник на една од престижните 3 награди кои ги доделува Македонската Асоцијација на Човечки ресурси. За потсетување, во 2018 година Атлантик Група ја доби наградата за најдобар ХР Менаџер за 2017 година.
Пошироката ХР заедница во Македонија ја препозна Атлантик Група како компанија со истакната и успешна ХР практика, во конкуренција од вкупно 17 домашни компании. Доделувањето на наградите за ХР заедницата го организираше Македонската Асоцијација на Човечки ресурсти, а истиот се одржа во пресрет на светскиот ден на Човечки ресурси, кој се одбележува на 20 мај.
“Атлантик Група веќе долги години работи на стратегија на задржување на вработените, обезбедувајќи флексибилна работна средина во однос на местото, времето, и описот на работното место. Инвестира во грижа за своите вработени и нивните семејства, поттикнувајќи лојалност и наградување на најдобрите, преку имплементирање долгорочни програми наменети за задржување на вработените”, изјави Елизабета Мирчевска менаџер за човечки ресурси во Атлантик Група.