Од неговото лансирање на 15 април 1972 година, Royal Oak, водечкиот модел на брендот за луксузни часовници Audemars Piguet, препознатлив по својот октагонален дизајн, е симбол на смелоста и слободата на духот што ја чувствуваат оние водени од импулсот на младоста. Денес, дури и со постојаните иновации и постојаното менување на естетика, Royal Oak е симбол кој го издржа тестот на времето останувајќи „засекогаш млад“.
Во чест на 50-те години континуирани иновации на овој „иконоборец“ кој стана културна икона, креативната агенција Publicis Luxe создаде извонредно патување во срцето на културните трендови кои ги размрдаа и оживеаја областите на современата уметност, архитектурата, дизајнот, музиката и многу повеќе, од 1972 година наваму.
Кампањата беше смислена како естетско искуство претставено во форма на кампања од 360 степени.
Медиумската кампања беше лансирана глобално на 15 април 2022 година.
„Времето лета, иконите остануваат!“