Билбордите промовираат различни технологии на овај бренд, во зависност од моменталните временски услови,состојбата на патиштата и слично
Ауди во Велика Британија започна OOH кампања која користи податоци за моменталните услови за возење, со цел да промовира различни технолошки придобивки на своите модели.
Креирана од страна на BBH и произведена од страна на Grand Visual, оваа кампања користи дигитални билборди и податоци за сообраќајот, времето од денот и временските услови со цел да сервира содржини кои се контекстуално релевантни за одредена локација. На пример, кога е гужва во сообраќајот, пораката на огласот е прилагодена за да им укаже на возачите на Ауди на „Pre-Sense“ технологијата за предиктивна сигурност. Во текот на неповолни временски услови, креативата се менува за да ја промовира „Quattro-on-demand“ технологијата погодна на сите четири точки, која е дизајнирана за услови на дожд, снег или град.
Кампањата се одвива на 211 екрани, во девет градови и го користи слоганот „Audi as your sixth sense.“
Бенџамин Браун, маркетинг директор за Audi UK, изјави во соопштение: „Ова е прва дигитална OOH кампања заснована на податоците која ја започнавме на национално ниво. Користејќи податоци за контекстуализација на пораката, можеме да допреме до возачите со насочени и тактички пласирани огласни пораки кои се релевантни во текот на целиот ден, насочени кон моменталното размислување на возачите во дадениот момент.“