Со новиот модел, Ауди оди чекор напрет на полето на обновливите извори на анергија и користи фантастични визуелни слики
Силата на вертот обично не е нешто што се поврзува со автомобилите, но новата кампања на Ауди го прикажува ветрот како прифатлив извор на енергија за нивниот нов g-tron модел на автомобил, а тоа го прави преку фантазијата на едно дете.
За оваа реклама Ауди соработуваше со берлинската агенција AvL/SE и продукциската компанија Czar .Во спотот ја следиме приказната за едно момче на задното седиште на автомобилот. Момчето на патот ја гледа силата на ветерот и како тој влијае на сè околу него, а целата приказна е илустрирана со фантастични, но сепак ненаметливи специјални ефекти.
Во манир на магичен реализам, израснатите дрвја стануваат одеднаш лебдечки глуварчиња, лисјата што паѓаат од едно дрво одлетуваат на друго како птици, луѓето кои пуштаат змејови наеднаш да вивнуваат на небото, а цело време еден разигран облак лебди околу автомобилот додека тој се движи низ природата и покрај ветерниците. На крајот на рекламата, детето напоменува дека ветрот е тој кој го вози неговиот автомобил, бидејќи енергијата на ветрот е таа која овозможила гориво за него.
Ауди со својот нов модел продолжува да оди напред на полето на обновливи извори на енергија. Горивото за g-tron моделот го произведува самата компанија со помош на енергијата на ветрот, благодарејќи на што овие нови модели имаат 80% помалку емисии на CO2 од другите модели.