Австралиската државна новинска агенција (Australian Associated Press– AAP) го најави своето затворање во јуни после 85 години присуство на медиската сцена.
Затворањето поради нерантабилност им беше најавено на вработените вчера на состанокот во седиштето на агенцијата во Сиднеј.
„Австралиската државна новинска агенција е важен актер во новинарството во Австралија од 1935 година и трагично е што ќе мора да исчезне“, рече извршниот директор на агенцијата Брус Дејвидсон.
Во редакцијата на агенцијата работат околу 180 луѓе.