Овој пат, контроверзниот бренд ги налути родителите не само поради објективизација на жените, туку и поради вклучувањето на еден од најомилените ликови кај децата
Контроверзниот бренд за долна облека Honey Birdette започна нова божиќна кампања, чиј што слоган „Sorry kids, we gave Santa the night off“ и многутте експлицитни и хиперсексуализирани сцени , ги налутија родителите во Австралија.
Контроверзите не се непознати за овај бренд, па така нивните маркетинг активности често се критикуваат заради објективизација и сексуализација на жените, но овај пат брендот го вклучи и омилениот лик на децата, Дедо Мраз, што поттикна многу родители да започнат петиција за забрана на рекламата на „Honey Birdette“ која наликува на порнографија.
Петицијата ја потпишаа повеќе од 50.000 луѓе за многу кратко време, а на родителите најмногу им смета тоа што плакатите од кампањата се прикажани во трговските центри, во непосредна близина на продавниците за деца, па така децата константно се изложени на непримерна содржина. Еден од родителите изјави: „Невиноста на малите деца е една од најскапоцените работи во животот. Овие слики и компанијата која стои позади нив, ги лишува децата од нивната невиност“.