Во потрагата да се разбере улогата на вештачката интелигенција во рекламирањето, The Drum, во соработка со Teads, објави нов документарец ‘’The Automation of Creativity’’, снимен во Токио, Лондон и Амстердам.
Шеснаесет минутниот филм го истражува начинот на кој вештачката интелигенција започнува да влијае врз креативноста на адвертајзингот и врз улогата на креативците.
Вештачката интелигенција до сега бележи големи напредоци како пишување на поезија, возење на автомобили, зборување , па дури и можност една таква машина да добие Пулицерова награда еден ден.
Со ставање на фокусот на рекламната индустрија, филмот: ‘’The Automation of Creativity’’ започнува со првиот креативен директор за вештачка интелигенција AI-CD ß, лансиран од страна на McCann Erickson Јапонија. AI-CD ß ја презентира својата креативна идеа во филмот пред клиентот Mondelez .
Shun Matsuzaka, комуникациски планер во McCann EricksonЈапонија во документарецот истакнува: “Сакаме да го третираме AI-CD ß како нормален креативен директор. Сосема е нормално креативниот директор да биде присутен на состанокот.”
Човечки импакт
Филмот обработува тематика за импактот на креативноста на автоматизацијата врз луѓето кои работат во рекламната индустрија.
Justin Taylor, директор на Teads UK истакнува: “ Како што се движиме низ оваа креативна ера на програмирање, потребно е да ги гледаме креативните директори, податочните технолози и машините како работат заедно за да започнеме да правиме разлика од каде што ќе започне и новата ера на креативноста’’.
”Во последните 10 до 15 години, ние му пристапувавме на дигиталното од аналогна основа. Ајде да и пристипеме на креативноста од дигитална основа и тоа да го искористиме за да креираме промена во следните 20 години.”
Во филмот исто така повеќе пати се споменува повеќекратната кампања добитничка на Канскиот Златен лав: ‘’The Next Rembrandt campaign’’ креирана од JWT.
Делот снимен во Амстердам открива како тим на историчари од областа на уметноста, научници и инженери успеале да ја научат машината како да размислува, се однесува и слика како Rembrandt.
Документарецот истражува како машината успева да ги помине пречките и комплексностите на задачите како сликање резултирајќи со креирање на 3D-принтана слика креирана по 347 години по смртта на сликарот.
Во документарецот, Bas Korsten, креативниот директор на проектот Rembrandt објаснува: “ нејаснотиите кои постојат помеѓу нас и технологијата- тоа беше во основа и задачата на проектот. Како да се спојат овие два аспекти и да им се дозволи да работат заедно.”
The Automation of Creativity исто така ја објаснува приказната за првата AI реклама, дигитален надворешен постер креиран од M&C Saatchi, Clear Channel и Posterscope за брендот за кафе Bahio.