Американскиот ланец на автоперални Take 5 Car Wash се одлучиле да „назначат“ обичен гулаб за да биде нивен бренд-амбасадор и да „дели“ купони за бесплатно миење по случаен избор.
За таквиот избор да биде навистина случаен, од брендот успеале да фатат обичен гулаб од улиците на Далас и со помош на лица обучени за тоа – да го опремат со специјален ГПС-уред за следење.
Гулабот потоа бил пуштен да си лета слободно низ градот и да „обележува“ автомобили со својот измет, додека пак посветен тим на автопералната поставувале купон за бесплатно миење на секој еден од тие автомобили.
Оваа навистина уникатна герила кампања била осмислена и реализирана со помош на креативната агенција Erich and Kallman.