Германскиот милијардер и извршен директор на медиумската групација Axel Springer, Матијас Допфнер, преговара со приватната инвестициска групација KKR за раздвојување на компанијата – пренесува Financial Times.
Со поделбата која се дискутира, извршниот директор Матијас Допфнер и вдовицата на основачот на компанијата, Фрида Спрингер, ќе преземат поголема контрола врз новинските медиуми на групацијата, вклучувајќи ги Politico, Business Insider, Bild и Die Welt.
Инвестициските компании KKR и Canada Pension Plan Investment Board, кои имаат најголем удел во Axel Springer, би ја презеле контролата врз портфолиото на дигитални платформи со категоризирани информации, како што се веб-страници за огласи, вклучувајќи ја платформата за вработување StepStone и платформата за огласи за недвижности Aviv.
Аксел Спрингер ја основаше компанијата во далечната 1946 година, оттогаш градејќи влијателна медиумска империја на глобално ниво. Милјардерот Матијас Допфнер застана на чело на групацијата во 2002 година. KKR стана најголемиот акционер на Axel Springer во 2019 година и моментално поседува 35,6% од акциите, додека Canada Pension Plan Investment Board поседува 12,9% од акциите.