Главната Grand Prix награда на BalCannes на Денови на комуникациите ја освоија „Jazavac i Utorak“ и фондацијата Hemofarm, за најдобра агенција во регионот е прогласена Imago Ogilvy, а фондацијата Hemofarm е најдобар огласувач!
Победниците на BalCannes, регионалниот натпревар за креативност на кој агенции од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија се натпреваруваат со своите креативни идеи, беа прогласени синоќа во главната сала на фестивалот Денови на комуникациите, кој на едно место го обедини најдоброто од регионалната креативност во Ровињ. Главната Grand Prix награда ја освоија агенцијата “Jazavac i Utorak” и фондацијата Hemofarm за проектот „Najvažniji poziv u životu“. Титулата за најдобра агенција од петте земји на BalCannes и припадна на агенцијата Imago Ogilvy, а фондацијата Hemofarm е прогласена за најдобар огласувач! Специјалната Editor’s Pick Award, во избор на претставници на професионални медиумите од регионот, ја добија Studenac и агенцијата Imago Ogilvy за проектот „EVERYBODY GUC GUC“.
На BalCannes, кој оваа година го собра најдоброто од креативноста во пет земји од регионот, агенциите можеа да се натпреваруваат во две групи – I. Market Mosaic и II. Positive Change, а можеа да освојат бронзени, сребрени и златни награди за нивните проекти во соодветните категории. Во продолжение погледнете ја листата на победници по категории:
FOOD
Во категоријата Храна, добитници на златните награди се Atlantic Grupa и Ovation BBDO за проектот „Štark – I osmeh je tu“. Добитници на сребрената награда се Jaffa Crvenka и Žiška со проектот „Munchmallow – Sav od igre“. Добитници на бронзениот медал се Burek Olimpija и Agencija 101 за проектот „Burekuna“.
ALCOHOLIC BEVERAGES
Златната награда во категоријата Алкохолни пијалаци ја освоија Franc Arman и Studio Tumpić/Prenc со проектот „It’s Time for Your Time“. Сребрената награда ја освоија Heineken и Leo Burnett Belgrade за проектот „Za sve ono što nas spaja“. Бронзената награда ја добија Heineken Hrvatska и агенцијата Bruketa&Žinić&Grey за проектот „Kad sjedne prva plaća“.
NON-ALCOHOLIC BEVERAGES
Pipi Beverages и Imago Ogilvy освоија злато во категоријата Безалкохолни пијалоци со проектот „PIPI – A TOAST FOR EVERY ROAST“. Среброто го освоија Studenac и Imago Ogilvy со проектот „EVERYBODY GUC GUC“.
TELECOMMUNICATIONS
Сребро во категоријата Телекомуникации освоија A1 Serbia и Leo Burnett Belgrade за проектот „NEO23 VAU platform“. Бронзената награда ја добија One Albania и Creative Disorder Studio за проектот „Manifesto in the sky“.
FINANCE AND INSURANCE
Во категоријата Финансии и осигурување, RBA – Raiffeisenbank Hrvatska и Imago Ogilvy освоија сребро за проектот „Financijska početnica: Oni od plaće do plaće“. Бронзената награда ја освоија Croatia osiguranje и Bruketa&Žinić&Grey со проектот „LAQO Insurance Museum“.
RETAIL
Во категоријата Малопродажба, златната награда ја добија Bingo и Via Media за проектот „U Bingu sam“. Сребрената награда ја доби Mercator за проектот „THE WHITE BOXES“. Бронзената награда ја освоија ePlaneta и агенцијата DRV за проектот „Iskreno“.
HEALTH AND PHARMACY
Во категоријата Здравје и фармација, фондацијата Hemofarm и агенцијата „Jazavac i Utorak“ освоија злато за проектот „Najvažniji poziv u životu“.
TOURISM, CULTURE AND LEISURE
Златната награда во категоријата Туризам, култура и слободно време ја освоија Белградската филхармонија и McCann Beograd со проектот „Na dobrom putu“.
CORPORATE COMMUNICATIONS
Во категоријата Корпоративни комуникации, среброто го освоија Croatia osiguranje и Bruketa&Žinić&Grey за проектот „Croatia za Hrvatsku“.
MISCELLANEOUS
Во категоријата Разно, златото го освоија Министерството за земјоделство, шумарство и храна на Словенија и Agencija 101 за проектот „Lepo je biti kmet“. Среброто им беше доделено на Čistoća Split и CTA komunikcije за проектот „Odvoji, lako je“. Бронзата ја освоија Skateistan и Futura DDB со проектот „#Playforskateistan“.
GREEN IMPACT
Во категоријата Зелен импакт, среброто го освоија Čistoća Split и CTA komunikcije за проектот „Odvoji, lako je“. Бронзената награда ја освоија Terra Hub и 404 со проектот „terrapija – Liječimo Zemlju edukacijom“.
COMMUNITY CARE
Златната награда во категоријата Грижа за заедницата ја освоија фондацијата Hemofarm и агенцијата „Jazavac i Utorak“ со проектот „Najvažniji poziv u životu“. Добитници на сребрениот медал се Counseling office for Workers и Agencija 101 за проектот „GastarbAIter“. Бронзената награда во категоријата Грижа за заедницата ја освоија UNICEF Srbija и Ovation BBDO со проектот „Kako si, ali stvarno?“.
Експертите од страната на агенциите кои ги избраа најдобрите проекти од целиот регион се: Тоше Арсов (New Moment New Ideas Company Skopje, Македонија), Весна Бегановиќ (Via Media, Босна и Херцеговина), Дарко Боснар (Imago Ogilvy,, Хрватска), Давор Брукета (Bruketa&Žinić&Grey, Хрватска), Жаре Керин (Futura DDB, Словенија), Ејуб Кучук (MITA Group, Босна и Херцеговина), Јана Савиќ Растовац (McCann Beograd, Србија), Милан Стојанов (Publicis Groupe Macedonia, Македонија), Јуре Товрљан (Pristop, Словенија) и Иван Живковиќ (Pioniri Communications, Србија).
Перспективата на огласувачите оваа година ја застапуваа следните експерти: Катја Фашинк (ELES, Словенија), Маја Грбовиќ (Mercator-S, Србија), Марија Јакељиќ (Croatia osiguranje, Хрватска), Ана Марија Либриќ (JGL, Хрватска), Андреа Лиздек (Banjalučka pivara, Босна и Херцеговина), Лидија Ракуша (Spar Slovenija, Словенија), Вилдана Скорупан (Telemach, Босна и Херцеговина), Стефан Тодоровски (Pivara Skopje, Македонија), Ратка Тирицовска (Stopanska banka AD – Skopje, Македонија) и Иван Жагар (Jaffa Crvenka, Србија).
BalCannes Editor’s Pick Award е специјална награда за најдобар проект според критериумите на уредниците и медиумските професионалци, а му беше доделена на проектот „EVERYBODY GUC GUC“ од Imaga Ogilvy и Studenac. Медиумското жири на BalCannes традиционално го сочинуваат претставници на водечките професионални медиуми во регионот: Сандра Бабиќ (Lider Media, Хрватска), Ненад Даниловиќ (Advertiser Serbia, Србија), Екрем Дупановиќ (Media Marketing, Босна и Херцеговина), Борис Ефтимовски (Marketing 365, Македонија) и Симона Крухар Габершчек (Marketing Magazin, Словенија).
Гламурозната атмосфера на главната сцена на фестивалот со конфети, победнички говори и одличното расположение на комуникациската заедница ја засилија прославата на најдобрите креативни проекти во регионот, а прославата продолжи со понеформален тон. Најдете повеќе информации на www.danikomunikacija.com.