Во тек е првиот круг на жирирање на натпреварот BalCannes, а за титулата најдобри оваа година се натпреваруваат дури 201 проекти од пет земји од регионот.
Пријавувањето за големиот регионален натпревар за креативност BalCannes заврши на 30 јануари, а оваа година регионалните креативци беа исклучително вредни – повеќе од 200 проекти се пријавија за новото издание на овој натпревар, соборувајќи ги сите рекорди на BalCannes!
Повеќе од половина од проектите се пријавени во првата натпреварувачка група „I. Market Mosaic“, но оваа година и групата „II. Positive Change Mosaic“ бележи речиси 23% од вкупниот број на пристигнати дела, што го потврдува фактот дека регионот ја препознава важноста на комуницирањето етички пораки и нивната важност во подобрувањето на општеството. Според бројот на пријавени проекти за овогодинешниот натпревар, предводат Хрватска (33 %) и Србија (28,4 %), потоа Словенија (19,1 %), Македонија (11,8 %) и Босна и Херцеговина (7,4 %).
BalCannes не е само натпревар на креативноста и добрата имплементација на интересни идеи, туку и можност за квалитетен преглед на сè што се работи во Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија. Најважната улога во овој дел од натпреварот ја имаат членовите на жирито на BalCannes – тие се одговорни за оценување и избор на финалистите кои ќе имаат можност да ги добијат овие престижни награди на фестивалот „Денови на комуникациите“. Најдобрите ќе бидат претставени и во новото издание на BalCannes Report, кое ќе биде објавено по прогласувањето на победниците.
Најдобрите проекти ќе добијат посебна чест на церемонијата на доделување награди на новото издание на Денови на комуникациите, што ќе се одржи во Ровињ од 15 до 18 мај 2025 година. Исто така, важно е да се истакне дека главната сала на Денови на комуникациите три ноќи ќе биде заменета со гламурозна сцена на плажа, а доделувањето на наградите, доколку временските услови дозволат, за прв пат ќе се одржи во под ѕвезденото небо на Ровињ, со мирис на морска сол и благ ветар.
Повеќе информации за натпреварот BalCannes и фестивалот Денови на комуникациите може да најдете на следниот ЛИНК.