Претставниците на огласувачите, агенциите и медиумите ќе ги изберат најдобрите кампањи на BalCannes 2020. Во продолжение погледнете кои ќе бидат професионалците од регионот кои оваа година ќе ја претставуваат агенциската перспектива!
Најдобрите резултати на пазарот се постигнуваат преку синергија на три перспективи – онаа на клиентите, на агенциите и на медиумите, а BalCannes е единственото натпреварување на кое од прва рака можете да дознаете како за вашите кампањи размислува секое од трите жири-комисии посебно. За изборот на најдобрите уште еднаш ќе се погрижат истакнати професионалци кои оваа години ќе се соберат онлајн. Жирито и оваа година е поделено во три групи, а ова се претставниците на жирито од агенциите.
Професионалците од агенциските редови кои ќе ги изберат најдобрите меѓу кампањите од целиот регион се: Ања Радуловиќ (Leo Burnett, Србија), Дејан Сијук (Aquarius, Босна и Херцеговина), Илинка Црвенковска (IDEA Plus Communications, Македонија), Јана Савиќ Растовац (McCann Beograd, Србија), Јелена Фишкуш (Studio Sonda, Хрватска), Милош Ѓурѓевиќ (FullHouse Ogilvy, Србија), Мирка Модриниќ (Pristop, Словенија), Сашо Пешев (New Moment, Македонија), Синиша Валдингер (Bruketa&Žinić&Grey, Хрватска), Весна Богдановиќ (Via Media, Босна и Херцеговина) и Заре Керин (Futura DDB, Словенија).
Претставниците на жирито од медиумите можете да ги погледнете на следниот линк.
Освен фактот што жирито ќе има задача да ја избере најдобрата кампања во категоријата New normal – вонреден лав за вонредни услови, важна новина за овогодинешното издание на BalCannes е што сите може да ги пријават своите кампањи бесплатно – со котизација само за избраните 25 најдобри кампањи во регионот.
Рокот за пријавување на BalCannes трае уште неколку дена, до 10 септември 2020, па поради тоа пополнете го едноставниот образец за учество и не пропуштајте ја можноста вашите лавовски кампањи да ги види целиот регион на онлајн церемонијата и прогласувањето на победниците!