Минатиот петок (18 октомври), хрватскиот главен град Загреб се најде во центарот на европската економска, политичка и академска јавност. Конференцијата „Балкан Економик Форум“ по трет пат понуди сцена за размена на информации, искуства и препораки за справување со регионалните економски предизвици и промовирање на одржлив раст.
На конференцијата, во полната сала на хотелот Еспланада во Загреб, учествуваат врвни експерти од 12 земји-членки на Централноевропската иницијатива (Central European Initiative – CEI), која што оваа година одлучи да го издигне „Балкан Економик Форум“ како свој „flagship“ настан за 2024 година.
Главни теми на овогодинешното издание на „Балкан Економик Форум“ беа стимулирањето на зелениот раст и транзицијата, а во рамки на конференциската програма се одржаа четири главни панел-дискусии посветени на: Циркуларна економија; Иновации и претприемништво; Отпорност кон климатски промени и Чиста енергија.
Крајна цел на Здружението за регионален развој „Балкан Економик Форум“ е да стане регионална платформа каде експертите, професионалците и лидерите од Балканот и светот, угледни личности од јавниот и приватниот сектор, академици, студенти, медиуми и други споделуваат идеи и предлози за најголемите економски предизвици кои треба да се решат и надминат во регионот на Балканот, давајќи ја на тој начин својата поддршка на напорите на владите на земјите од Балканот да постигнат одржливо влијание врз промоцијата на економскиот раст, регионалната соработка, мирот и безбедноста. Оваа иницијатива своите почетици ги има во Македонија, а претходните две изданија на конференцијата се одржаа во Скопје и Тирана.
Во продолжение разгледајте ја фотогалеријата од годинешното издание во Загреб: